Со преземена обемна документација Државниот инспекторат за труд ги става под лупа вработувањата во Македонска навигација. Наспроти тврдењата на премиерот Димитар Ковачевски, според ВМРО-ДПМНЕ ова е неофицијална агенција за вработување на лицата од ДУИ и СДС.
Инспекторите за труд по при контролите во М-НАВ одзеле документација за 21 вработување, од кои 17 вработени веќе активно работат, потврди директорката на Државниот инспекторат, Весна Томовска. Според неа, документацијата е обемна и на инспекторите ќе им треба време за оценка, дали вработувањата се законски или не.
Меѓу ангажираните има и роднини на министри. Дополнителен сомнеж во јавноста отворија информациите дека меѓу вработените има и роднини на актуелни министри.
За опозициската ВМРО-ДПМНЕ ова е голем скандал. Според портпаролот Наум Стоилковски точно е дека ова е семејна компанија, но како пример ги посочува двајцата зетовци и еден син на Ејуп Алими и на Беким Незири.
Стоилковски: М-НАВ е македонска неофицијална агенција за вработување на лицата од ДУИ и СДС
На утрешното гостување на нашето радио за овој скандал зборуваше и Антонио Милошоски.
Ова е прва инспекција направена во М-НАВ од постоењето на оваа институција, објави директорката на инспекторатот. Направена е по барање на Владата, иако инспекторатот и по доспеан глас може да направи инспекција откако друштвото изминатиов период го тресат низа скандали.
Инспекторите од Државниот инспекторат за труд треба да ги соопштат резултатите од инспекцијата во М-НАВ за една недела.