Поетот Михаил Ренџов вечерва на свечената академија во соборниот хран „Свети Никола“ го прими орденот „Свети Никола“, што Општина Штип го доделува по повод 19 декември – патрониот празник на градот. Ренџов истакна дека никогаш се нема откажено од својот роден град, како и од заштитниците на Штип.

-Имам 87 години, тешко ми е да се сконцентирам, посебно во ваков миг на восхит, воодушевување. Благодарам на градоначалникот. Добитник сум на многу награди, признанија, но оваа штипската награда ќе биде на врвот на моите достигнувања, вели Ренџов. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека поетот Ренџов, кој е роден во Штип, низ неговото творештво има голем придонес за афирмација на Штип. Признанието „19 декември“ им беше  доделено на универзитетската професорка Снежана Мирасчиева, Здружението за лица со посебни потреби „Порака“ и новоотворениот трговски комплекс „Штип Сити Мол“. Чествувањето на заштитникот на градот Штип продолжува утре со утринска богослужба, литија до Градскиот плоштда „Слобода“.