Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски соопшти дека продолжува отстранувањето на билбордите, рекламните паноа и рекламните материјали од Железничка станица Скопје. Таа ќе биде ослободена од непотребни материјали.
Денес се отстранети билбордите над булеварот Кузман Јосифовски Питу (Аеродром- Центар). Следните викенди продолжуваме со активностите за враќање на првичниот, автентичен изглед на станицата во Скопје, напиша Ивановски на својот фејсбук профил и објави видео.
