Коалицијата ВРЕДИ денеска обвини дека М-НАВ (Македонска навигација) станала бастион на непотизам. Таму  функционерите на ДУИ ги вработувале своите роднини на високи позиции со одлични примања. Според нивните наводи, Сами Буши, син на поранешниот заменик-министер за внатрешни работи Назиф Буши, бил вработен во контролата на летови. Токму во оваа институција  платите се меѓу највисоките во државата.

Контролата на летање под опсада на ДУИ: Функционерот Беким Незири го предводел нападот врз контролорите за летање, а меѓу учесниците има полицаец и осудено лице

Обвинувања за масовно вработување на роднини

ВРЕДИ посочува дека М-НАВ станала „фамилијарна пирамида“ на ДУИ. Таму работните позиции биле резервирани за роднини на високи партиски функционери. Тие тврдат дека покрај синот на Буши, во оваа институција се вработени и:

✅ Верона Груби – снаа на Артан Груби, раководител на Архивот.
✅ Беса Халими – снаа на Ејуп Халими, раководител на Набавки.
✅ Афердита Халими, Ајсере Алиу, Румеја Османи – роднини на Ејуп Алими.
✅ Гзиме Хасани – сопруга на Мухарем Хасани, функционер на ДУИ.
✅ Рејхане Османи – сестра на Бујар Османи.
✅ Арбин Весели – внук на Беким Незири.
✅ Бурак Исмаили – син на Хисни Исмаили.
✅ Самир Буши – син на Назиф Буши.

ВРЕДИ открива дека во М-НАВ работат три роднини и снаата на поранешниот координатор на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Халими, кој беше осуден во случајот „Титаник 3“.

Контроверзии поврзани со синот на Назиф Буши

Во јавноста веќе беше објавено дека синот на Буши, Самир Буши, бил повикан во полициска станица под сомнеж дека им дал информации на наркобосови поврзани со криминалната група „Барон/Беланоца“ пред големата полициска акција.

ВРЕДИ: ДУИ ги користи Албанците како штит за својот криминал

Од коалицијата ВРЕДИ жестоко ја нападнаа ДУИ. Тие тврдат дека партијата ја злоупотребува националната кауза за да ги покрие своите незаконски дејствија.

„ДУИ од црната листа нема никаква врска со интересите на Албанците. Тие ги користат како штит за да го сокријат својот криминал и непотизам! Повиците за „деалбанизација“ и „етничко чистење“ се само димни завеси за прикривање на паниката поради губењето на привилегиите и стравот од правдата, велат од ВРЕДИ.

Според ВРЕДИ, ДУИ во последните 20 години не направила ништо за албанскиот народ. Според нив таа создала „пашалик за своите семејства“, додека албанската младина останала без работа и принудена да ја напушти државата.

„М-НАВ е само срамен пример на оваа фамилијарна пирамида, бастион каде само правилното презиме дава работно место со дебела плата!“, обвинија од ВРЕДИ.

Со години наназад М-НАВ беше мета на критики за непотизам и партиски вработувања. Дури и поранешниот премиер Димитар Ковачевски призна дека „М-НАВ се претворило во семејна фирма“.

ВРЕДИ порача дека ќе продолжи да ја разобличува оваа пракса на злоупотреба на државните институции, а останува да се види дали обвиненијата ќе предизвикаат реакција од надлежните органи.