Кандидатите на ВРЕДИ се во водство пред оние на ДУИ, покажуваат неофицијалните резултати.

Изет Меџити е можно да победи уште во првиот круг пред Бујар Османи во Чаир, пишуваат медиуми на албански јазик во Македонија.

Во општина Чаир владее славеничка атмосфера.

Од ВРЕДИ неофицијално соопштуваат дека кандидатот Изет Меџити води убедливо и е на пат да ја обезбеди победата уште во првиот изборен круг.