Времен режим на сообраќај поради изградба на патна делница Градско – клучка Дреново

Од 04.08.2025 до 16.09.2025 година, поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, ќе важи времен режим на сообраќај на експресниот пат А1, делницата Градско – Дреново. Сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Покрај тоа, од 03.08.2025 од 07:00 часот до 06.08.2025, поради градежни активности на Вијадукт на Сарички дол на државниот пат А1 кај Прилеп, целосно ќе биде затворен делот од бензинска станица „Лукоил“ до бензинска станица „Салида“. Во тој период, сообраќајот ќе се пренасочува низ градот Прилеп.

 Забрани за тешки товарни возила во летниот период

Во текот на летото, на државните патишта е воведена забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони, со цел намалување на застојот и олеснување на протокот на сообраќајот. Од 1 јули до 31 август 2025 година, ова ограничување важи за време на викендите и при екстремно високи температури.

Термините на забраната се: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. При високи температури, забраната важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

На магистралниот пат А2 (Скопје – Охрид) е воведен дополнителен времен режим на сообраќај до 1 септември 2025, каде тешки товарни возила над 7,5 тони се ограничени во викендите во одредени часови.

АМСМ апелира на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено во ризичните делови каде има можност за одрони.

Забраните не важат за возила кои превезуваат животни, хуманитарна помош, житни култури, нафта, опасни материи и за возила вклучени во државни проекти.