Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75, и во правец кон граничен премин Богородица и во правен на граничен премин Табановце. Пренасочувањето на сообраќајот ке трае од 17.11.2021 год. во следните 7 (седум) месеци, информираа од АМСМ.
Потсетуваат дека од 15 ноември започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба и оваа обврска ќе трае до 15.03.2022 година.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.