Од СВР Тетово информираа дека вчера попладне (5 септември од 13 до 19 часот), на поширокото гостиварско подрачје спроведена е акциска контрола за престигнување. Во контролите, биле откриени 16 прекршоци. Половина од нив (8) се однесувале на престигнување на забранети места, петмина (5) возачи престигнувале на непрегледни места, а тројца (3) во колона.

Сите прекршоци се санкционирани со соодветни поднесоци и со заштитна мерка, а дел од нив ќе се соочат со времена забрана за управување.

Од СВР Тетово упатија и апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и така да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и да придонесат за посигурни патишта.