Времето денеска

Денеска се очекува променливо облачно време, со појава на магла претпладне по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде од -4 до 1, а максималната од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има магла, попладне со сончеви периоди. Температурите ќе се движат од -1 до 7 степени.

Прогноза за наредните денови

Во недела времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Во понеделник се очекуваат пообилни врнежи, кои на повисоките места ќе преминуваат во снег. Преодно стабилизирање се предвидува во вторник, додека од среда повторно ќе има врнежи од дожд, а на планините снег.