Сончево и многу топло со ветер од југоисток
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат високи 32 до 40 степени.
Скопје ќе има сончево време со температури од 17 до 39 степени и ветер со слаб до умерен интензитет од југоисточен правец.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во текот на целата седмица ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Сончевото и топло време ќе се задржи во тој период.. Ќе има умерена облачност во текот на денот, а ветерот ќе дува слаб до умерен од југоисточен правец.