Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7

Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Утре и задутре ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи.

Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.