Локални врнежи и засилен јужен ветер

Денеска се очекува променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд. На одредени места дождот може да биде пообилен и да предизвика невреме со грмежи и засилен ветер. Преку денот ќе дува умерен јужен ветер, кој на моменти ќе засилува, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени, додека максималната ќе се движи од 13 до 19 степени. Во повеќето делови од земјата врнежите ќе бидат повремени и со различен интензитет.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер, кој на моменти ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Прогноза за следните денови

Според УХМР, и во недела се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег поради продор на постудена воздушна маса.

Во понеделник и вторник утринските температури ќе опаднат значително. Нови локални врнежи од дожд се предвидуваат кон средината на следната седмица, со можни промени во интензитетот.