Нестабилно време со дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. На повеќе места ќе преовладува нестабилно време проследено со пороен дожд и грмежи. Локално ќе се развие невреме со пообилен пороен дожд. За краток временски период на одредени подрачја ќе наврнат повеќе од 20 литри на квадратен метар.
Ќе има и засилен ветер со брзина над 60 километри на час. Во одредени региони ќе постојат услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне меѓу 26 и 32 Целзиусови.
Времето во Скопје денеска
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе се појави и краткотрајно невреме. Во текот на целиот ден ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 17 степени. Максималната температура во текот на денот ќе достигне 30 Целзиусови.
Најави од УХМР за наредните денови
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, од утре следува период на претежно стабилно време. До недела ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од понеделник ќе настапи промена и ветерот ќе го смени правецот во јужен.