Времето денеска во текот на целиот ден ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, на места обилни (над 40 l/m2).
Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер, информираат од УХМР.
Заладувањето ќе донесе драстичен пад на температурите кои во текот на денот ќе се движат во интервал од 9 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, повремено поројни.
Ќе дува умерен ветер од јужен правец, а максималната температура ќе достигне до 16 степен