Локални врнежи и засилен ветер во делови од земјата

Синоптичарите за денеска најавуваат претежно облачно време на целата територија на државата. Во крајните северозападни и југоисточни делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини слаб снег.

Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Долж Повардарието ветерот повремено ќе биде засилен. Минималните температури ќе се движат од 3 до 7 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 8 до 12 степени Целзиусови.

Времето во Скопје и најави за наредните денови

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има појава на магла. Попладне ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд, како и сончеви периоди. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, а максималната ќе достигне околу 12 степени Целзиусови.

Утре се очекуваат пообилни врнежи од дожд. Можно е и појава на ретки грмежи. Според најавите, врнежите ќе продолжат и во вторник до вечерните часови. Во среда претпладне ќе биде претежно сончево, а попладне облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта и во четврток повторно се очекуваат врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.