Променливо облачно и релативно топло со локален слаб дожд. Ќе дува умерен, а во источните делови и во Пелагонија повремено засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 18 степени.