Три степени под нулата се измерени утрово во Берово, 0 во Битола, 1 во Лазарополе, 2 во Скопје – Петровец, Тетово, Струмица, Маврови Анови, 3 во Крива Паланка, Велес, Куманово, Демир Капија, 4 во Штип, Прилеп, Гевгелија, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Претор, а 6 на Попова Шапка, во Крушево, Виница и во Охрид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, Куманово и Тетово има појава на слаба магла. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла,