Времето денеска ќе биде променливо облачно, но со сончеви периоди, прогнозираат синоптичарите.
Од Управата за хидрометеролошки работи велат дека во попладневните часови и кон крајот на денот претежно во северозападните делови ќе има повремен локален дожд.
„Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец“,додаваат оттаму.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени, а максималната од 22 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб доумерен ветер од јужен правец.
Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.