Слаб југоисточен ветер и умерени температури
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини се очекува појава на магла, додека ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 2 степени, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и тивко, со можност за магла во раните утрински часови. Температурите ќе се движат од минимални -3 до максимални 8 степени.
Прогноза за следните денови
До вторник се очекува стабилно и претежно тивко време. По одделни котлини повторно ќе се појави магла, а облачноста ќе се зголемува. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови се предвидуваат повремени локални врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, предупредува УХМР.
