Променливо време со сончеви периоди

Денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ветерот ќе дува слаб до умерен од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 14 степени, додека максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали. Ќе дува слаб северен ветер, а минималната температура ќе се спушти до 12 степени, додека максималната ќе достигне 22 степени.

Врнежи и пад на температурите од среда

Од среда попладне до петок, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд, локално пообилни и над 30 литри на квадратен метар. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, на повисоките планини во четврток и петок врнежите од дожд ќе преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне.

Во деновите од викендот се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.