Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер низ целата земја.

Денеска се очекува сончево и многу топло време со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени Целзиусови, додека минималната ќе се движи помеѓу 10 и 20 степени. Во Скопје, исто така, времето ќе биде сончево и топло со максимална температура до 37 степени и минимална околу 18 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ, утре и во наредните денови ќе продолжи претежно сончево и топло време, а од недела дневните температури ќе надминат 30, па на некои места ќе достигнат и до 40 степени Целзиусови.