Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-2 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
