Утринската температура ќе се движи од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 31 степен.
За време на викендот ќе преовладува умерено облачно и потопло време со услови за краткотраен дожд, претежно на истокот од земјава. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен северен ветер.