Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе бидат во интервал од 4 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурите ќе бидат во интервал од 11 до 27 степени.
Од недела следува период на претежно стабилно и топло време со значителен пораст на дневните температури.