Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Врнежите на места ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре во утринските часови ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 19 до 26 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 15, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во понеделник ќе има локални врнежи од дожд, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, информираат од УХМР.