Пред Народната Банка на Република Македонија имало дојава за бомба и моментално полицијата врши увид на оваа локација, пренесува Канал 5 телевизија.
Пред објектот има голем број на полициски службеници и инспектори и се уште не се знае дали станува збор за виситинска или лажна дојава на бомба.
На булеварот нема поголем застој, а се очекува наскоро МВР да излезе со повеќе детали.
Инаку, ова следува по подолг период „мирување“ од дојави за бомби. Претходно, најчеста мета беа средните и основните училиштата.