Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов го замрзнува членството во Социјал демократскиот сојуз. За ваквата одлука информираше и на социјалните мрежи.
Мојата партиска припадност од денес е замрзната во СДСМ, не со ова раководство, не додека СДСМ не се врати таму каде што и е местото, најмалку каде што е сега. Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како… Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори, напиша тој на Фејсбук.