Во меѓувреме и шефот на авганистанската Централна банка, Ајмал Ахмади побегна од земјата. Тој на Твитер објави низа пораки според кои националната банка е известена дека повеќе нема да биде снабдувана со долари, што ја намали способноста на регулаторот да дава поддршка на националната валута и придонесе за ширење на паника низ земјата.

Курсот на валутата од стабилни 81 авгани за еден долар скокна на 100, за потоа да се врати на 86. Во саботата одржав состаноци за да ги смирам банките и менувачниците, напиша тој во една од пораките на Твитер.

Политичките превирања во Авганистан, се проширија и на пазарот во соседен Пакистан чија вредност на државните обврзници. Според медиумски извештаи, пакистанските доларски обврзници вчера претрпеле најголема загуба во Азија.