Во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје денеска се одржуваат пет панел дискусии во рамки на Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“

Денеска ќе се одржи вториот ден од Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“. Ќе започне во 10 часот во просториите на хотел „Холидеј Ин“ во Скопје. Настанот ќе продолжи со цел да ја претстави работата и проектите од изминатите четири години, преку серија панел дискусии.

Во рамките на Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ ќе се одржат пет тематски панел дискусии. Првата дискусија ќе започне во 10:00 часот и ќе биде насловена „600 милиони евра за развој и локален прогрес“. Втората панел дискусија ќе почне во 10:45 часот и ќе биде со наслов „Четири години инвестиции во инфраструктурата“.

Потоа, во 11:30 часот ќе се одржи панел дискусијата под наслов „Граѓаните главни во носењето на одлуките во општините“. Понатаму, во 12:15 часот ќе следи панел дискусијата „Меѓународна соработка за развиени општини“.

Последната панел дискусија во рамките на вториот ден од Саем-Отчет ќе започне во 13:00 часот. Ќе биде на тема „Локалната и централната власт за тебе“.

Сите дискусии ќе бидат организирани со цел да се претстават инвестициите, развојните политики и учеството на граѓаните во носењето на одлуки на локално и национално ниво.