Македонската ракометна репрезентација вечерва загуби на гостувањето кај Португалија во натпревар од 4. коло Група-1 во квалификациите за Европското првенство 2024.
Домаќините победија со 32:27 и уште еднаш покажаа дека во моментов се поквалитетна репрезентација. Во четвртокот во Скопје, Португалија славеше со 29:23.
На вечерашниот натпревар во Порто најефикасен во македонскиот национален тим беше Филип Кузмановски со 10 голови. Десет одбрани имаше голманот Мартин Томовски.
На првиот натпревар од 4. коло во оваа група, Турција го победи Луксембург со 31:20.
Со максимални четири победи Португалија е лидер на табелата и со обезбеден пласман на Европското првенство 2024.
Македонската репрезентација е втора со две победи и два пораза, колку што има и третопласираната Турција.
Последен е Луксембург без освоен бод и без шанса за пласман на ЕП.