На 12 мај, во 09:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк, во близина на бараките на Град Скопје, е украден споменикот на Крсте Петков Мисирков, а бистата на Кочо Рацин била оштетена. Пријавата дошла од ЈП „Паркови и зеленило“.

Неколку часа подоцна, во 13:25 часот, од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром било пријавено дека од училишниот двор исчезнала бистата на Ѓорѓија Пулевски.

Истовремено, двајца скопјани, Б.И. (67) и С.Ж. (76), пријавиле дека од гробни места на Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за расчистување на сите случаи.

Првиот ваков случај беше со спомен-плочата на бегалците од Егејска Македонија, а сега е украден споменикот на Крсте Петков Мисирков и бистата на Ѓеоѓија Пулевски