Кошаркарите на Скопје стигнаа до својата втора победа во тековната сезона, откако пред својата публика славеа против Тиквеш со резултат 97-94. Средбата се одигра во рамките на премиерниот дуел од 8. коло во кошаркарската Суперлига.

Колин Паркер беше најефикасен поединец во редовите на победничкиот тим постигнувајќи 24 поени. Во таборот на поразениот состав недоволни за пресврт беа 27-те поени што ги запиша Тедерик Волф.