Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му ја честиташе изборната победа на лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, по парламентарните избори во Унгарија, истовремено изразувајќи очекување дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи и во наредниот период.
Во пораката, Вучиќ се осврна и на досегашниот премиер Виктор Орбан, заблагодарувајќи му за придонесот во унапредувањето на билатералните односи.
Српскиот претседател нагласи дека очекува дополнително зајакнување на политичката и економската соработка меѓу Белград и Будимпешта, потенцирајќи ја важноста на континуитетот во заедничките проекти.
Односите меѓу двете земји во изминатите години се оценуваат како исклучително блиски, со интензивна соработка во енергетиката, инфраструктурата и европската интеграција. Унгарија важи за еден од најсилните поддржувачи на евроинтегративниот пат на Србија.
Меѓу клучните заеднички проекти е железничката линија Белград–Будимпешта, која се смета за стратешки важна за поврзување на регионот.
Вучиќ и претходно има истакнато дека Унгарија ја смета за еден од најзначајните партнери на Србија во регионот.
