Вучиќ: Се подготвува напад врз Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа упати драматично предупредување до јавноста, тврдејќи дека воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Косово е насочен директно против Србија. Според него, овие земји чекаат „поволен момент“ на општ хаос во светот за да започнат конфликт, но порача дека Србија е подготвена.

„Нивните намери се јасни, но Србија има доволно сила за одвраќање. Можете мирно да спиете бидејќи тие нема да нè нападнат – добро знаат каков би бил нашиот одговор“, изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека Србија нема намера да ги напаѓа земјите од НАТО, но дека воената подготовка на земјата е на највисоко ниво за заштита на територијалниот интегритет.