Форумот е организиран во рамките на иницијативата „Мини Шенген“, што подразбира подлабока економска интеграција на регионот, за сега три земји: Србија, Албанија и Македонија. Пристапувањето кон иницијативата е отворено и за другите економии од Западен Балкан.

Како што објави Агенцијата за развој на Србија, претседателот Вучиќ и премиерите Рама и Заев ќе ја презентираат политичката и економската визија за интегрираниот регион.

Предвидени се деловни состаноци на бизнисмени од регионот по официјалниот дел на форумот.

Ќе учествуваат скоро 400 компании од регионот. Повеќето од нив, повеќе од 200, аплицирале од Србија, потоа повеќе од 100 од Македонија, од Албанија околу 40, од ​​БиХ десетина или помалку или по една компанија од Австрија, Тајван, Израел, Полска, Романија, Бугарија, Франција и Грција.