Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во палатата „Србија“ прими околу стотина ученици од Осојан, Гораждевац, селата Бања, Бањска, Штрпац, Витина, Ново Брдо, Гњилане и Косовска Каменица, места во Косово, каде живее српско население, пренесуваат српските медиуми.
Оваа посета на основните е, како што напиша на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм, по повод 20-годишнината од прогонот на Србите од Косово.