Изборите треба да се одржат на 23 април, а Српска листа претходно најави дека нема да учествува на нив.
Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата со политичките претставници на Србите од северот на Косово најави дека ќе побара во тој дел на Косово да се одржат вонредни избори по формирањето на заедницата на српски општини.
Вучиќ побара итно спроведување на договорот за слобода на движење, односно да се овозможи, како што рече, непречено движење на возилата со регистарски таблички издадени од Србија.
Тој најави и дополнителни 28 милиони евра стимулации за граѓаните на северно Косово.