Српскиот претседател Вучиќ едвај чека да се вакцинира со третата доза за коронавирус и ги повика граѓаните на Србија да се вакцинираат во што поголем број, пишува Блиц.
– Ќе ја примам третата доза после шест месеци, тоа би било во октомври. Едвај чекам да ја примам. Како што гледате, уште сум жив – изјави Вучиќ.
Вучиќ додаде дека вакцината не повредила никого, но им наштетила на многумина што не ја примиле вакцината. Тој рече дека ќе се градат болници, има лекови, но понекогаш тоа не е доволно.
Српскиот претседател уште не знае кои и какви мерки ќе се воведат во Србија заради зголемување на бројот на заразени. Тоа што е сигурно е дека „болеста никого не прескокнала“, објаснува тој.
– Не знам, не сум епидемиолог, не се занимавам со тоа. Не сум сигурен колку се спремни луѓето, но тие ќе размислат за тоа, па да видиме што ќе се случи – рече Вучиќ.