Објаснувајќи го извлекувањето на македонските државјани од Израел со авион на „Ер Србија“, српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека Македонците им се браќа на Србите.
Македонците се наши браќа, така што тоа се подразбира. Што и да бараат, секогаш ќе им излеземе пресрет, изјави Вучиќ на српската телевизија Прва.