Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази сочувство до семејствата на убиените деца и работниците од обезбедувањето во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград.
„Србија е обединета во тагата, толку е голема што не паметиме поголема. Но, кога сме обединети во тагата, мора да ги погледнеме причините, одговорноста на секој од нас, да бараме решенија“, рече Вучиќ.
Како што рече, не брзал да дава изјави бидејќи сакале да видат каде згрешил системот и каде лежи одговорноста на секој од нас, „бидејќи децата не можеме да им ги вратиме на родителите“.
„Од овој момент момчето е на посебно место, ќе биде сместено во посебен дел на Клиниката за невропсихијатрија, неговиот татко како сопственик на оружје кое очигледно нелегално го чувал, иако ги имал сите дозволи, уапсен е. Приведена е и мајката“, рече српскиот претседател.
Тој забележа дека злосторството се случило во едно од најдобрите училишта.
„Полицајците си ја завршија работата, не по делото, туку пред злосторството, беа на лице место пред да започне наставата, полицајката го обиколи училиштето, разговараше со сите, си ја вршеше работата, не рутински, туку професионално и со добра волја. Безбедноста е многу добро интегрирана во училиштето. Убиениот човек дури и разменувал пораки со момчето. Тој беше добар дух на училиштето“, додаде тој.
Потсетуваме дека во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград ученик пукаше во ученици, наставник и обезбедувањето. Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека загинале осум ученици и еден чувар, како и дека се ранети шест деца и еден наставник. Девојчето кое беше оперирано во Тиршова е во животна опасност.
Во Ургентниот центар оперирани се четворица пациенти – тројца ученици и наставник.
На таткото на момчето кое пука му е одредена мерка притвор од 48 часа. Надлежните велат дека момчето долго време го подготвувало нападот, а В.Ј.Т соопшти дека со оглед на тоа што тој се уште немал 14 години не одговара кривично. Во Србија од петок до недела ќе биде прогласена тридневна жалост.