Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на Инстаграм се огласи по средбата со претставниците на Србите од Косово и Метохија во Рашка и нивната одлука да почнат да ги отстрануваат барикадите и испрати силна порака.
Ова е наша мала победа. Знам дека не очекуваат нови проблеми, но секој ден на мир и стабилност е шанса за иднината. За мене Косово и Метохија е Србија, а Србите од Косово и Метохија се мои браќа и сестри и ќе се борам и ќе бидам со нив што и да се случи – рече претседателот и додаде:
Мора да бидеме толерантни и трпеливи, но и одлучни, храбри и одговорни, за да ги зачуваме и животите и татковината. Нашата цел отсекогаш бил мирот и да ја турнеме цела Србија напред! – нагласи Вучиќ.