Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека очекува властите во Приштина наскоро да се обидат да ја преземат трафостаницата Валач, под изговор дека ќе наплаќаат струја на северот на Косово, каде српското население е мнозинство.
Вучиќ рече дека очекува тоа да се случи по 6 ноември.
-Реков дека е можно тоа да се случи од 6 ноември поради односот кон тамошните оператори кои бараат причини во наводното плаќање струја на Северот. Но, тие ќе се обидат да го искористат, речиси сум сигурен, во одреден момент да постигнат политички цели кои немаат врска со енергија, вели тој.
Вучиќ рече дека Приштина ќе го избере моментот, но дека ја моли да не го прави тоа.
Покрај тоа Албанците ќе се обидат да ја заземат и браната Газивода од каде тамошните Срби се снабдуваат со вода.