Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој е во Брисел за да разговара за планот на ЕУ за Косово, на Инстаграм објави фотографија од средбата со Жозеф Борел, Мирослав Лајчак и Албин Курти.

Претседателот на Србија одвоено разговараше со шефот на европската дипломатија Жозеф Борел и со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак, а по таа средба се огласи и на социјалната мрежа.

„Им благодариме на сите кои имаат доверба во својот државен врв и кои веруваат дека ќе го направиме најдоброто за нашата земја“, напиша Вучиќ на Инстаграм.