Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа изјави дека просечната плата во Србија во 2027 година ќе достигне 1.400 евра и затоа очекува во неа да се вратат поголем број луѓе кои ја напуштиле Србија.
Вучиќ одговори на новинарско прашање за да ги коментира тврдењата на движењето „Оди-промени“ дека манипулира со бројот на млади кои сакаат да се вратат во Србија и дека младите би се вратиле доколку просечната плата е 166.000 динари.
Вучиќ рече дека оваа сума во евра е токму онаа што Србија ќе ја обезбеди како просечна плата во 2027 година, која, како што наведе, ќе биде многу повисока за Белград.
– Просечната плата во Врачар во декември беше 1.483 евра, а 1.400 евра ќе биде просечната плата во Србија во 2027 година, само согласно програмите, согласно сето она што им го кажавме на граѓаните на Србија. И токму затоа очекуваме што поголем поврат – рече Вучиќ во своето обраќање до граѓаните.