– Ситуацијата за нас станува малку депресивна, бидејќи бевме блиску, но остануваме без поени. Ова е тешко, но ќе се обидеме да направиме нешто во последните натпревари. Ова беше доста тежок дуел од почетокот, Кил е можеби најдобриот тим во Европа. Ние се боревме, но ова е добар резултат за Кил, изјави Вујовиќ.
По шест одиграни кола во групата А, Вардар е шестопласиран на табелата со пет бодови, еден повеќе од хрватскиот првак Загреб против кој на 8 декември во Скопје ќе се обиде да ја прекине серијата од шест натпревари без победа.