Богдан Илиевски распали по премиерот Ковачевски по неговата скандалозна изјава. Неговата изјава ја пренесува во продолжение:
Ова е една од НАЈСРАМНИТЕ изјави од македонски политичар која сум ја чул во мојот живот. Слушајќи го овој труп, ова брсдко гојдо, се осетив бедно и казнето што живеам тука и сега, а во исто време и гордо и охрабрено да продолжам со она што го правам.
Бидејќи вакви полу-производи кои 5 гласа на избори не добиле во живот и се МОЧААТ на својот народ, осеќајќи се веројатно одбрани од Бога /црпнати од нива, иста е шемата/ да носеле тешки одлуки, се НАЈЛОШОТО што може да го снајде еден народ. Еј, ги гледа од високо своите сограѓани, комшии, познати и непознати, со сета своја простачка бедотија и во очи ти вика „ме заболе што вие мислите, јас ќе ви кажам“. Тој ќе носел „храбри одлуки“, џанам Мендела после 28 години во затвор ти се обраќа, а не татино бирократко дерле кое било доволно лигаво да наследи еден цреп ко Заев.
Ова не е лидерство, ова е антилидерство. Ова не е храброст (да наведнеш глава и кичма пред ветото на „посилниот“) туку е кукавичлук.
И ова ако не е крајот на ваквите помочковци во политиката, ќе биде крајот на Македонија. Ако не биде победен до ниво на историски резил ваквиот пристап кон сопствениот народ, ваквото игнорирање на убедливото мнозинство, ваквото потценување на искуството и умот на сите Македонци… не заслужуваме држава.