Сè повеќе корисници гледаат YouTube на телевизор

Платформата YouTube воведува новина што се однесува на креаторите на содржини, а која доаѓа како одговор на зголемената гледаност на видеата преку телевизорите. Со оглед на тоа што паметните телевизори станаа стандард во домаќинствата, сè поголем број корисници ја користат оваа апликација директно на ТВ-екраните.

Растот на гледаноста преку телевизор е поврзан и со фактот дека речиси сите нови телевизори се „паметни“ и веќе ја имаат инсталирана YouTube апликацијата. Покрај тоа, голем дел од видеата на платформата се создадени за класичниот хоризонтален формат, кој е погоден за гледање на голем екран, за разлика од вертикалните формати што се користат за „Shorts“, „Reels“ и слични кратки видеа.

Зголемен лимит за насловните фотографии на видеата

Во рамки на најавата за пет нови функции наменети за креаторите, компанијата Google соопшти дека се зголемува и ограничувањето за големината на сликите што се користат како насловни фотографии на видеата.

Досегашното ограничување изнесуваше 2MB, но со новата промена максималната големина ќе се зголеми на 50MB. Со тоа креаторите ќе добијат можност да користат поквалитетни и подетални слики, што е особено важно во време кога сè повеќе телевизори поддржуваат резолуција.

Од компанијата посочуваат дека во текот на изминатата година бројот на канали кои остваруваат значителни приходи преку гледаност на телевизор е зголемен за 45 проценти. Овој тренд, според нив, се очекува дополнително да расте и во иднина.