Лани извршителите присилно наплатиле 160 милиони евра, пишува порталот Пари.
Според нивната пресметка, ова е втор најголем износ во нивната 18-годишна кариера, по 2017 година, кога со наплатата се надминале 166 милиони евра.
Минатата година имало 93 извршители со 327 вработени, а бројот на вкупно примените барања за извршување во извршителските канцеларии изнесувал 170.325.
Тие во полза на државата, од правни и физички лица, наплатиле вкупен износ од над 90,3 милиони евра.
Пресметката на порталот вели дека откако формирана Комората на извршители (2006 година), за 18 години се наплатиле безмалку 2 милијарди евра.
Податоците покажуваат дека имаат и низок процент на реализација, па така од 1.993.277 барања за присилна наплата преку извршител, реализрани се само 758.352.
Целиот текст прочитајте го ТУКА!