Премиерот Димитар Ковачевски изрази подготвеност за спроведување на уставни измени по резултатите од пописот.

Одговарајќи на прашањето на ТВ21 за тоа дали е можна измена на Уставот, со оглед на тоа дека после пописот се погласни се најавите на албанските партии дека формулација од „20%“ треба да се избрише, Ковачевски рече дека тоа треба да се направи прво во дијалог со политичките партии.

-Уставот се менува низ уставна процедура. Таа уставна процедура значи дека Собранието на државата треба да отвори дискусија. Најпрво почнува со дискусија меѓу политичките партии, а се вклучуваат и експерти, додава Ковачевски.

Тој додава дека употребата на јазиците во државата е регулирано со Законот за употреба на јазиците.

-Ние сме држава во Европа која што на највисок пиедестал ги има искачено правата на помалите заедници, и на сите заедници во државата, за тоа сведочи тоа што имаме Министерство за политички систем, за правата на заедници. Имаме Агенција за јазици и.т.н., вели Ковачевски.