Патот Тетово – Призрен и покрај ветувањата уште долго ќе остане само желба. Ова најдобро го објаснува надлежниот министер Благоја Бочварски, кој вели дека процедурата за изготвување на документите за ваков проект е предолга, бидејќи е потребна анализа.

Бочварски рече дека овој пат е во интерес на двете земји, но не прецизирајќи го рокот кога може да започне работата на овој проект. Во меѓувреме, и по многу ветувања и рокови, главниот и најфреквентен пат што ја поврзува Македонија со Косово, Блаце-Скопје, останува недовршен. Надлежните повеќе од една година не можеа да ја завршат ниту изградбата на првите два километри од автопатот.